ПОЕВТИНИЈА БЕНЗИНИТЕ, ДИЗЕЛОТ ОСТАНУВА СО ИСТА ЦЕНА Од полноќ нова цена и на мазутот
Новата цена на „еуросуперот“ од 95 октани е 80,00 денари, а на „еуросуперот“ од 98 октани 82,00 денари. Од полноќ екстра лесното масло ќе чини 67,50, а „еуродизелот“ и натаму ќе се продава по 69,00 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот од 98 октани од полноќ се намалува за 1,00 денар, а на тој од 95 октани и на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари по литар. Цената на дизелот не се менува, а за 0,571 денари поветинува мазутот, соопшти Регулатрорната комсија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на „еуросуперот“ од 95 октани е 80,00 денари, а на „еуросуперот“ од 98 октани 82,00 денари. Од полноќ екстра лесното масло ќе чини 67,50, а „еуродизелот“ и натаму ќе се продава по 69,00 денари за литар.
Мазутот М-1 НС ќе се продава по 39,604 за килограм.