ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ХАОС НИЗ СКОПЈЕ Утре ќе има посебен режим, еве по кои улици ќе може да возите
Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко, по улиците Филип Втори Македонски, лево по булеварот Гоце Делчев, лево по булеварот ВМРО, десно по Партизански одреди, десно по 8 Септември и десно по Илинден до Градски парк (школка).
Утре со почеток од 11 часот, во организација на Град Скопје, Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран за Европската недела на мобилност 2021.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-улиците Филип Втори Македонски, лево по булеварот Гоце Делчев, лево по булеварот ВМРО, десно по Партизански одреди, десно по 8 Септември и десно по Илинден до Градски парк (школка).