ПОДАРОК ОД БАЈДЕН ЗА НЕТАНЈАХУ Вашингтон ќе го укине ограничувањето на испораката на оружје за Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху апелирал до американскиот државен секретар Ентони Блинкен со барање САД да почнат повторно со испораката на оружје за Израел со зголемен обем.

929

САД планираат да ги укинат ограничувањата за испорака на оружје за Израел во блиска иднина, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори во Израел.

Според изданието, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху апелирал до американскиот државен секретар Ентони Блинкен со барање САД да почнат повторно со испораката на оружје за Израел со зголемен обем.






„Блинкен веќе сигнализираше дека САД ќе ги укинат рестрикциите во наредните денови и ќе го снабдат Израел со нови системи за оружје“ – пишува весникот, повикувајќи се на извори во израелската влада.

Шефот на Пентагон, Лојд Остин, на почетокот на мај ја потврди паузата во испораката на оружје за Израел, истакнувајќи дека станува збор за еден дел од воена помош. Бајден подоцна во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека ќе ја запре испораката на воздушни бомби и артилериски гранати до Израел доколку воената операција во Појасот Газа се прошири кон јужниот град Рафах, што, според него, сè уште не се случило. Без разлика на тоа, САД ќе продолжат да му обезбедуваат на Израел системи за противвоздушна одбрана и друго одбранбено оружје, нагласи Бајден.

На 7 октомври 2023 година, Израел беше подложен на неочекуван ракетен напад од Појасот Газа. После тоа, борците на палестинското движење Хамас влегоа во пограничните области, отворија оган врз војската и цивилите и зедоа повеќе од 200 заложници. Според израелските власти во нападот на палестинската милитантна организација, загинале околу 1,200 илјади луѓе.

Израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата во Појасот Газа, која вклучуваше напади врз цивилни цели. Израел најави целосна блокада на енклавата: испораките на вода, струја, гориво, храна и лекови беа прекинати.

Според податоците на Министерството за здравство на Газа, бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври надмина 37.000, а повеќе од 85.000 луѓе се повредени.

Појасот Газа е практично поделен на јужен и северен дел, а Израел се подготвува за копнена операција во Рафах, кој се смета за последно упориште на Хамас.

Поврзани содржини