Ѝ ПОДАРИ ОРГАН НА СВОЈАТА СЕСТРА ЗА И ТАА ДА СТАНЕ МАЈКА Прва трансплантација на матка во Велика Британија

За 34-годишната жена која ја добила матката ова е вистински подарок, па ќе се обиде да забремени со своите замрзнати ембриони, бидејќи јајниците цело време произведувале јајцеклетки без разлика на проблемот.

403

Успешно е извршена првата трансплантација на матка во Велика Британија, кога жена (40) која веќе има две свои деца, на својата помала сестра (34) и „подарила“ матка бидејќи е родена без неа. Операцијата траела 17 часа, а според британските медиуми ова е позитивен развој на настаните за сите жени кои го имаат овој проблем.

Имено, оваа процедура претставува голем напредок за илјадници Британки кои инаку не би можеле да станат мајки поради овој здравствен проблем. Во комплицираната операција за отстранување на матката од донаторот и вградување на нејзината сестра учествуваа два тима и осум хирурзи кои работеа во соседните оперативни сали, a интервенцијата траеше вкупно повеќе од 17 часа.






Иако трансплантацијата траеше подолго од планираното, таа помина добро и вградената матка е целосно функционална.

За 34-годишната жена која ја добила матката ова е вистински подарок, па ќе се обиде да забремени со своите замрзнати ембриони, бидејќи јајниците цело време произведувале јајце клетки без разлика на проблемот.

Еден од хирурзите кој ја изврши трансплантацијата изјави за Дејли Мејл дека има „над 80 отсто“ шанси за успешна бременост.

– Секое бебе што ќе се роди би се родило со царски рез во 37-та недела за да се намали притисокот врз донираната матка, а мајката потоа има избор да ја задржи матката за друга бременост или да ја отстрани, објасниле лекарите.

Професорот Ричард Смит, консултант гинеколошки хирург на „Imperial College Healthcare NHS Trust“, кој бил еден од двајцата главни хирурзи за оваа револуционерна операција, открил дека имало многу емотивна сцена кога медицинскиот тим се сретнал со жената и нејзиното семејство кога пациентката ја напуштала болницата.

– Сите бевме во солзи. Ова беше навистина тешка операција, но сѐ мина во најдобар ред и очекуваме пациентката со донирана матка ќе ја оствари својата најголема желба, а тоа е да биде мајка – рече професорот Смит.

Поврзани содржини