ПОЧНАА ОСТАВКИТЕ ВО СДСМ Сугарески си оди од претседателската позиција во Надзорниот одбор
Сугарески поднесе оставка и утрово тоа го објави на Фејсбук.
Горан Сугарески поднесе оставка на функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Тој одлуката ја соопшти утрово на својот Фејсбук и објасни дека е поради лошите резултати на локалните избори.
„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ“, напиша Сугарески.
Според него, оставката претставува негов придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.
Сугарески вели и дека останува социјалдемократ.
„Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман“, пишува Сугарески.