ПОЧНАА ГУЖВИТЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ На Богородица утрово се чека 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

188

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Поврзани содржини