Починаа петмина, нови 164 случаи со ковид-19, а 74 се оздравени пациенти

1,035

Во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 и петмина починати.

Во Скопје 59, Куманово 12, Дебар 18, Штип 17, Прилеп 1, Тетово 6, Струга 6, Битола 1, Кавадарци 2, Гостивар 9, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Свети Николе 23, Кичево 6, Ресен 1.






Починати се пет пациенти, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 Септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во Клиничката болница во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во Клиничката болница во Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје 42, Штип 7, Тетово 1, Струга 4, Велес 1, Охрид 6, Кавадарци 3, Свети Николе 2, Ресен 7, Неготино 1, соопшти Министерството за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и едно суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 пациенти, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани содржини