Осум починати, 345 се новозаразени, а 289 оздравени пациенти од коронавирусот
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.494, бројката на оздравени пациенти е 67.453, на починати е 2.622, а бројот на активни случаи изнесува 16.419.
Во Скопје има 129, Куманово 21, Дебар 9, Штип 12, Прилеп 26, Тетово 10, Струга 8, Велес 13, Битола 6, Охрид 23, Кавадарци 31, Гостивар 1, Гевгелија 7, Струмица 9, Крива Паланка 6, Радовиш 5, Крушево 4, Пробиштип 1, Виница 3, Делчево 2, Кратово 1, Кичево 1, Ресен 3 и Неготино 14.
Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.494, бројката на оздравени пациенти е 67.453, на починати е 2.622, а бројот на активни случаи изнесува 16.419.
• Скопје 37455, активни 10022
Направените 2455 теста се преку: ИЈЗ-650, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-425, Биотек-245, МАНУ -105, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -428, лабораторија Лаор –197, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-29, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -81, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на ковид -19.