ПОЧИНА КРАЛИЦАТА НА ТОРТИТЕ Силвија Вајнсток правеше луксузни торти за најславните холивудски двојки
Вајнсток правела торти за Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс, за Били Џоел, Мараја Кери, Софија Вергара и се појавила во емисиите на NBC „TODAY“, „Gossip Girl“ и „Top Chef“. Почина на 91-годишна возраст
Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс, Опра, Марта Стјуарт, Мараја Кери. Сите биле клиенти на Силвија Вајнсток, еврејска дизајнерка на торти која има скромни корени во Бруклин, започнала со луксузен бизнис со печење колачи на 50-годишна возраст и станала позната низ целиот свет како „Кралица на колачите“.
Една од нејзините екстравагантни торти била и онаа за свадбата на Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс која чинела 7 илјади долари. Раскошната торта за холивудскиот пар била направен со ванила и путер крем, висока шест метри и украсена со цветови. Била толку голема што морало да се отстранат две од нејзините нивоа за да може да помине низ вратата.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.