Пoчинa Илче Котевски, претседателот на РК „Преспа“, по долга борба со коронавирусот

1,973

Ракометниот клуб „Преспа“ соопшти на социјалните мрежи дека вечерва по долга бopба со кoронавирусот, почина претседателот на клубот, Илче Котевски, татко на две малолетни деца.

Котевски почина во градската болница „8 Септември“.






„Почивај во мир претседателе. Ден на жалост, Ракометниот клуб Преспа загуби член од семејството, човек кој придонесе премногу за овој такометен клуб. Секогаш ќе живееш во нашите срца“, се вели во објавата на тажната вест.

Котевски ќе остане запаметен како голем спортист, кој остави траги во историјата на спортот во Македонија. Од него на социјалните мрежи се простуваат неговите најблиски и соработниците.

Докторот Мирослав Бошковски деновиве донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент од Ресен.

Поврзани содржини