ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ ИНФЛУЕНСЕР МАРКО БАБИЌ Ја загуби битката со ракот
Хрватскиот архитект, маркетинг експерт и инфлуенсер Марко Бабиќ (31) две години храбро се бореше со сарком, а на својот инстаграм-профил редовно ги информираше своите обожаватели и јавноста за напредокот на болеста.
Хрватскиот архитект, маркетинг експерт и инфлуенсер Марко Бабиќ (31) две години храбро се бореше со сарком, а на својот инстаграм-профил редовно ги информираше своите обожаватели и јавноста за напредокот на болеста.
„Патувај, момче наше. Скршени, но горди што бевме со тебе на ова патување. Беше најдобриот татко, партнер, син, брат и пријател. Те сакаме засекогаш“, напишале членовите на семејството на неговиот инстаграм-профил, пишува „Индекс.хр“.
View this post on Instagram
Марко беше архитект, автор на бестселер, маркетинг експерт и личност која во последните две години им помогна на многу луѓе на кои се соочија со таа болест. Тој од 2021 година се борел со сарком. Неговата партнерка Тина Билоглав неодамна објави дека Марко не е добро и дека во Загреб ги исцрпиле сите можности за лекување.
Пред неколку месеци инфлуенсерот раскажа дека болеста му се проширила, а во разговорот за „Индекс“ рекол дека му се јавуваат луѓе кои исто така боледуваат од сарком, како и луѓе кои имаат некој друг облик на рак.
View this post on Instagram
Марко никогаш не попуштил со духот и бил многу оптимистичен.
„Знам дека на крајот ќе бидам здрав. Знам дека на крајот ќе бидам подобра верзија од себе. Знам дека на крајот ќе бидам бескрајно побогат поради искуството што ќе го проживеам“, рекол тој.
ФОТО: Инстаграм