Почина Горан Гаврилов, сопственикот на радио Канал 77

5,701

По кратко и тешко боледување денеска починал Горан Гаврилов, сопственик на Националното радио Канал 77.

Горан Гаврилов имаше 54 години.






Гаврилов на македонската јавност и е познат како долгогодишен истакнат медиумски работник, а беше и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.

Поради своето познавање, беше вклучен во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава.

На семејството и на блиските им изразуваме сочувство за загубата.

Поврзани содржини