ПОЧИНА ФУДБАЛЕР ПО 39 ГОДИНИ ПОМИНАТИ ВО КОМА Фатална грешка на анестезиологот

Тој ден во Франција штрајкувале медицинските работници и анестезиологот кој бил на смена во еден момент водел осум операции.

459

Поранешниот француски фудбалер Жан Пјер Адамс починал на 73 години, откако полни 39 години бил во кома.

Адамс во 1982 година поради грешка на анестезиологот во текот на операција на коленото паднал во кома и повеќе не се разбудил.






Тој ден во Франција штрајкувале медицинските работници и анестезиологот кој бил на смена во еден момент водел осум операции.

Кај Адамс ја погрешил дозата и тоа оставило трајни последици, а кои дури по 39 години подоцна завршиле со смрт.

За репрезентацијата на Франција тој одиграл 22 меча, а настапувал за Пари Сен Жермен, и најголем дел од кариерата во Ница.

Поврзани содржини