Почина Душко Чифлиганец, заменик претседател на „Адора бизнис групација“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец.
Несреќата се случила вчера попладне на мото трка во Брно, Чешка. По падот од моторот, 32-годишниот бизнисмен бил во кома, по што вечерва им подлегнал на повредите, јавуваат повеќе медиуми.
Младиот Чифлиганец за спортски моторциклизам, што му беше пасија, освојуваше престижни награди.