ПОЧИНА БРАТОТ НА МАДОНА Се борел со алкохолизмот и живеел на улица

Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст. Ентони имал проблеми со алкохолизмот и со години живеел на улиците на Мичиген.

451

Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст. Ентони имал проблеми со алкохолизмот и со години живеел на улиците на Мичиген.

Сопругот на сестрата на Мадона, Мелани Чиконе, музичарот Џо Хенри, завчера на Инстаграм ја објави следнава изјава:






„Мојот шура Ентони Џерард Чиконе почина минатата вечер. Го познавам од мојата 15. година, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Henry (@joehenrymusic)


Хенри спомна дека многу го сака Ентони и го разбира подобро од кој било, повеќе отколку што понекогаш сакаше да признае, пишува extratv.com.

Тој нагласи дека Ентони сега е со својата мајка, која ја загуби битката со ракот во 1963 година на 33-годишна возраст. Ентони имаше долга борба со алкохолизмот, што беше јавно документирано кога пред повеќе од 10 години беше објавено дека живее под еден мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага.

Во 2017 година „Дејли мејл“ напиша дека Ентони успешно завршил еден вид програма за рехабилитација и се вратил дома кај своето семејство.

Братот на Мадона бил во судир со законот, а во 2013 година бил повреден откако дал отпор при апсењето во јавен тоалет.

Ентони Чиконе јавно ја обвини својата сестра Мадона и другите членови на семејството дека го напуштиле.

Поврзани содржини