ПОЧИНА АКТЕРКАТА ОД КУЛТНАТА „МАЛА КУЌА ВО ПРЕРИЈАТА“ Херша Паради ја загуби битката со ракот
Таа првпат се појави во серијата за време на третата сезона во 1976 година како Елиза Ингалс, снаа на Чарлс Ингалс. На крај ја глумеше Алиса во 35 епизоди.
По битката со туморот на мозокот, на 78-годишна возраст, почина актерката Херша Паради. Паради беше позната по улогата на учителката Алис Гарви серијата „,Мала куќа во преријата“ на „Ен-би-си“. Таа, исто така, се појави во други серии, вклучувајќи ги „Маникс“, „Нерешени мистерии“ и „Вториот Ное“.
Паради починала во средата во Норфолк, Вирџинија, во домот на нејзиниот син Џонатан Певерал, открил тој за „Холивуд репортер“.
Родена како Бети Сандоф во 1945 година во Охајо, таа тврдеше дека и е судено да биде актерка уште од дете.
– Отсекогаш бев дете кое живееше во свет на глумење. Дури и кога бев многу мала, повеќе сакав да глумам отколку да си играм со кукли“, изјави Паради за „Кливленд Плејн Дилер“ во 1975 година.
Завршила средното училиште Береа во 1963 година. Глумела во театарот „Кливленд Плеј Хаус“. Се натпреварувала за улогата на Керолин Ингалс во „Мала куќа во преријата“ пред да биде ангажирана американската актерка Карен Грасл (81). Таа првпат се појави во серијата за време на третата сезона во 1976 година како Елиза Ингалс, снаа на Чарлс Ингалс.
На крајот ја глумеше Алиса во 35 епизоди. Таа беше во брак со британскиот продуцент Џон Певерал, кој освои Оскар за најдобар филм во 1979 година за неговата работа на легендарниот филм „Ловец на елени“.
ФОТО: Јутјуб