ПОБЕГНА ЗАТВОРЕНИК ОД ШТИПСКА ОРТОПЕДИЈА Го пуштиле сам на воздух, не се сетиле дека може да фати џаде

Бегството на 48-годишниот осуденик за МИА го потврдува директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров, и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

253

Затвореник од Затвор-Штип утринава во 1.30 часот побегнал од Одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничка болница-Штип.

Бегството на 48-годишниот осуденик за МИА го потврдува директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров, и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.






– Станува збор за 48-годишен пациент кому требало денеска да му се извади шраф од колкот, во 1.30 часот се јавил дека ќе излезе на воздух, но пациентот по лифтот излегол од зградата и му се губи трагот – вели Шуманска.

Директорот на Затвор-Штип, Тодоров вели дека станува збор за осуденик кој е повратник, а за издржување на затворската казна има уште една година и пет месеци.

За двајцата затворски службеници кои требале да го чуваат во болницата ќе биде покрената дисциплинска постапка и најверојатно ќе бидат суспендирани сѐ до решавањето на дисциплинската постапка. 

Поврзани содржини