ПО ЖЕСТОКАТА КАВГА Заев и Мицкоски си подадоа рака за фер избори

Заев рече дека нема никаков проблем да му подаде рака на политичкиот опонент, а Мицкоски нагласи дека е прв од актерите на политичката сцена кој најавил позитивна кампања со проекти и политики важни за граѓаните.

604

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од вечерашниот тв дуел и покрај низата меѓусебни препукувања, си подадоа рака за фер и демократски локални избори.

Заев рече дека нема никаков проблем да му подаде рака на политичкиот опонент, а Мицкоски нагласи дека е прв од актерите на политичката сцена кој најавил позитивна кампања со проекти и политики важни за граѓаните.






-Мора да се согласиме дека сепак, за граѓаните е најважна иднината. Да си подадеме рака за фер и демократски избори – истакна Заев.

Мицкоски посака на изборите да има услови за фер и демократско изразување на граѓаните.

– Немам проблем да ветам фер и демократска кампања, но тоа не е дел од одговорноста на опозицијата зашто власта е организатор на изборите – рече Мицкоски.

Поврзани содржини