По „заклучувањето“ во Австрија масовно тестирање на населението

Веќе се набавени седум милиони антиген брзи тестови, а се планираат и натамошни нарачки. Трошоците за првите седум милиони тестови се околу 50 милиони евра. Акцијата за масовно тестирање ќе ја спроведат Армијата и Министерството за здравство. 

311

Австрија, по истекот на мерката за „заклучување“, како што најави канцеларот Себастијан Курц, ќе спроведе масовно тестирање на населението за коронавирусот.

Според планот за тестирање, на 5 декември, ден пред истекот на мерката за „заклучувањё“, ќе започне тестирањето на наставниците, а потоа и на полицајците.






Првиот викенд од декември ќе бидат тестирани сите вработени во државните училишта, како и персоналот во градинките – околу 200.000 луѓе.

На 7. и 8 декември ќе се спроведе тестирање на сите околу 40.000 полицајци, а непосредно пред католичкиот Божик се планира пошироко тестирање на населението, на доброволна основа.

Во првите недели од декември ќе се спроведе бесплатно тестирање во општини со високо ниво на инфекција.

– На почетокот на следната година се планира ново масовно тестирање во целата земја – соопшти Владата.

Веќе се набавени седум милиони антиген брзи тестови, а се планираат и натамошни нарачки.

Трошоците за првите седум милиони тестови се околу 50 милиони евра.

Акцијата за масовно тестирање ќе ја спроведат Армијата и Министерството за здравство. Армијата веќе имаше искуство бидејќи и помагаше на Словачка во спроведувањето масовно тестирање таму.

Покрај овие мерки, се работи и на скрининг програма за заштита на домовите за стари лица.

Како што соопшти Владата, веќе се испорачани 315.000 тестови, а други три милиони се обезбедени.

Канцеларот Курц истакна дека тестирањето се врши на доброволна основа.

Барам од населението да го поддржи овој проект и да учествува во него. Масовното тестирање е голема шанса за Австрија да најде начин за враќање во нормала до вакцинацијата, порача Курц.

Поврзани содржини