ПО СКОПЈЕ ОДЕТЕ И ВО СОФИЈА ДА БАРАТЕ МАКЕДОНЦИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО ТАМОШНИОТ УСТАВ Обединетата дијаспора испрати писмо до Ескобар пред неговото доаѓање во Скопје
Обединетата македонска дијаспора смета дека повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката организација на македонците надвор од Македонија, испрати писмо до американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар и побара тој да се залага за правата на Македонците во Бугарија и да ја посети Софија веднаш по посетата во Скопје, соопштија од организацијата.
Од ОМД сметаат дека повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот.
„Бугарија има 14 пресуди од Европскиот ауд за човекови права за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија. Следствено, ОМД бара реципроцитет: доколку САД и ЕУ бараат уставни промени од Македонија тогаш е сосема логично и Бугарија да го признае македонското малцинство. Хипокритично е да се бара заштита на правата на малцинствата кај членка кандидат, а да се занемаруваат правата на малцинствата во полноправна членка како што е Бугарија“, се наведува во соопштението.
ОМД понатаму во писмото сугорира дека и Бугарија треба Македонците да ги стави во својот Устав.
Оттаму информираат и дека по контроверзната посетата на Косовскиот премиер Курти во Македонија, ОМД испрати уште една комуникација до господинот Ескобар и побара да даде изјава дека САД не поддржува иридентистички идеи и промена на границите во Балканот“, се вели во соопштението на ОМД.
Во тој допис ОМД ја искористи можноста да го потсети Ескобар дека македонците не се „северномакедонци” и дека македонците не се само „православен народ” како што Ескобар не има наречено во интервјуа во минатото. Македонскиот народ е разнолик, со луѓе од различни вероисповеди, иако мнозинството се православни.
САД е иницијатор и потписник на декларацијата на човекови права на Обединетите Нации која полни 75 години во декември. САД има должност да го брани и правото на самоопределување и човековите права на македонскиот народ, како што тоа веќе го прави многу погласно за некој од другите народи во регионот.