ПО ПРВИОТ СНЕГ СКИJAЧKATA СЕЗОНАТА СЕ ПОЗНАВА Од среда до петок Попова Шапка и Маврово ќе добијат снежна прекривка од 40 сантиметри?!

1,019

Повеќе познати веб-сајтови кои ги прогнозираат снежните врнежи во скијачките центри ширум светот прогнозираат први пообилни снежни врнежи на Попова Шапка и во Маврово в четврток на 2 октомври.

Така, според прогнозите, на Попова Шапка на 2 октомври се очекува снежна покривка од 16 сантиметри, додека на Попова Шапка од 9 сантиметри.






Според други сајтови, во следните 7 дена на Попова Шапка се очекува снежна прекривка од 36 сантиметри.

Истиот веб-сајт предвидува од среда, 1 октомври, до петок, 3 октомври, на Маврово да паднат дури 40 сантиметри снег.

Ова се добри вести за скијачите, бидејќи се навестува снежна зима и многу скијање во зимските центри.

Останува проблемот што македонските центри се инфраструктурно скромно опремени и што не успеваат да профитираат. За жал, така ќе биде и оваа сезона…

 

Поврзани содржини