По прва доза на „АстраЗенека“, Меркел и Драги примија вакцина од друг производител
Германската канцеларка, како и премиерот на Италија одлучија да се ревакцинираат со вакцини од други производители, наместо со „АстраЗенека“.
Германската канцеларка Ангела Меркел прими втора доза на вакцина против коронавирусот од производителот „Модерна“, а првата доза беше од „АстраЗенека“, изјави портпаролот на владата.
Засега причината за промената на вакцините против ковид-19 е непозната.
66-годишната Меркел ја прими својата прва доза на вакцина „АстраЗенека“ во април, повеќе од две недели откако германските власти препорачаа употреба на лекот само за лица на возраст од 60 години и повеќе.
Меркел се повлекува од политиката оваа година по 16 години на власт.
Во 2019-та година таа изрази загриженост за нејзиното здравје со низа инциденти на јавно место, но оттогаш изгледа во добра состојба.
По тешкиот почеток, вакцинацијата во Германија нагло се забрза во последните неколку недели. Заклучно со вторникот, секоја втор или 51,2% од населението ја примиле својата прва доза.
Во меѓувреме, портпаролот на 73-годишниот италијански премиер Марио Драги рече дека по „АстраЗенека“ како прва доза, тој ја претпочитала вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ како втора доза.
Уште минатата недела, Драги објасни дека и покрај проценките на експертите дека „АстраЗенека“ е потполно безбедна за луѓето постари од 60 години, тој ќе ја смени вакцината затоа што таа на британско-шведската компанија предизвикала прениско ниво на антитела во неговото тело.