ПО ГРЕШКА МУ ИСПЛАТИЛЕ ПЛАТА ОД 92.500 ЕВРА Унгарецот добил отказ, а платата му била 238 евра

4,329

Вработен во унгарска компанија наместо во форинти по грешка примил плата од над 92.500 евра, и добил 388 пати повеќе пари отколку што му следувале.

Човекот кому компанијата му го прекинала работниот однос пред истекот на пробниот период, ѝ дал на фирмата сметка од австриска банка за да му ја исплатат преостанатата плата. Но, фирмата на таа сметка префрлила 92.549 евра наместо 92.549 унгарски форинти што му ги должела, а тоа е во реална вредност од 238 евра. Набргу потоа, компанијата си ја открила грешката и побарала од човекот да го врати „вишокот“.






Тој одбил да го стори тоа, оправдувајќи се на различни начини. Меѓу другото, тој им кажал и дека моментно нема пристап до сметката. А, во меѓувреме, од банкомат во градот Капошвар, југозападна Унгарија подигнал околу 15.000 евра.

Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да ѝ го врати вишокот на компанијата, Обвинителството во Капошвар поднесе обвинителен акт против него. Поднесена е кривична пријава за злоупотреба на средства, според официјалните документи.

Австриските власти успеале да ѝ вратат поголем дел од парите на оштетената компанија. Обвинителството бара да се изрече парична казна и да се надомести преостанатата штета на компанијата.

Поврзани содржини