По Гевгелија, оро се води и во Чаир за време на полициски час (ВИДЕО)

На социјалните медиуми можеа да се прочитаат коментари дека за време на утринската прослава можеле да се слушнат пукотници од огномети, но и од огнено оружје во речиси сите делови на Скопје каде што се празнувало.

11,101

По 30 дневниот пост, денеска во Македонија припадниците на исламската вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам, а жителите на скопската населба Чаир со зурли и тапани играат оро на сред улица.






Откако Телевизија Телма го објави прилогот дека во северниот дел на Скопје не важи полицискиот час, на социјалните мрежи се појави видео со кое се потврдува тоа.

И покрај тоа што е воведен полицискиот час кој започна во 11 часот и ќе трае до вторник до 5 часот наутро, тоа не ги спречи чаирчани да се расположат со музика и да го прослават празникот.

Прославата на празникот Рамазан Бајрам започна некаде околу 6 часот утрината, кога во верските храмови беа собрани верниците на ја проследат молитвата, а веднаш потоа започнаа и со прославата на празникот. На социјалните медиуми можеа да се прочитаат коментари дека за време на утринската прослава можеле да се слушнат пукотници од огномети, но и од огнено оружје во речиси сите делови на Скопје каде што се празнувало.

Инаку, според најновите податоци кои ги објави министерството за здравство во врска со новозаболените со ковид-19 во Градот Скопје, токму оваа населба има најмногу заболени со коронавирус во последните 24 часа.

 

Поврзани содржини