По 37 години поминати во зо затвор, утврдиле дека е невин

488

Американецот Роберт Дубоа од Флорида бил осуден за убиство и силување и мина 37 години в затвор… Но, пред извесно време, со помош на современа ДНК-анализа, тој е прогласен за невин.

Државниот правобранител на Хилсборо, Ендрју Ворен изјави дека ДНК-анализата го решила случајот, во којшто Дубоа неправедно бил осуден 1983 година за силување и убиство на 19-годишната Барбара Гремс. Тој рече дека доказите потврдиле дека 55-годишниот Роберт Дубоа не го сторил кривичното дело во 1983 година и дека вистината е откриена како резултат на преиспитување на ДНК-доказите како дел од њујоршкиот „Проект за невиност“.






Во 2016 година ветив дека ќе формирам Единица за проверка на осудените, што ќе ги испитува сомнителните пресуди. Денеска го започнавме процесот на ослободување на човек што минал 37 години в затвор за убиство што не го сторил, а сега се впуштаме во потрага по вистинскиот убиец – рече Ворен.

Роберт Дубоа, на кого во 1980-тите му се судело за кривично дело што не го сторил, прво е осуден на смрт во 1983 година, но судот подоцна тоа го заменил со казна доживотен затвор.

Поврзани содржини