Плаќаат за некој да им ја прифати нивната „вистина“
Забавувајќи се, во обид да нѐ прикажат како податливи за продажба на честа и образот, комшииве како да не гледаат дека всушност го покажуваат најбедното лице на пропагандата: „купувањето лојалност“.
Нудеа не знам колку илјади евра за да им се продаде фудбалски клуб.
Нудеа и по 30 евра месечно ако некој учи бугарски јазик.
Нудат по 300 евра ако некој го промени презимето.
Забавувајќи се, во обид да нѐ прикажат како податливи за продажба на честа и образот, комшииве како да не гледаат дека всушност го покажуваат најбедното лице на пропагандата: „купувањето лојалност“.
И додека поради фрустрацијата, можеби, од червеното минато мафтаат со европеиските пари, сѐ што излегува на површина е голата вистина: мораат да плаќаат за некој да им ја прифати нивната „вистина“.
Како со пасошите, какви што немаше пред Бугарија да влезе во ЕУ.
Како со таблетите и донациите во Мала Преспа и во Голо Брдо.
Веројатно исто како и со оние кои читајќи навечер, се разбудиле како „хора“.
Трагикомично.
(Фејсбук статус на авторот)