ПИРС БРОСНАН СТАНА ДЕДО Објави прекрасни фотографии од внукот (ФОТО)

Холивудскиот актер Пирс Броснан на својот инстаграм-профил ја објави среќната вест дека станал дедо на момчето Џексон Елија родено пред пет дена.

379

Холивудскиот актер Пирс Броснан на својот инстаграм-профил ја објави среќната вест дека станал дедо на момчето Џексон Елија родено пред пет дена.

„Џексон Елија Броснан, роден во 15:06 12/11/2022… Благослов за тебе, мој најмил внук, добредојде. Честитки, драги мои Шон, Сања и Марли. Мир со вас“, напиша гордиот дедо на Инстаграм.

 







Неговиот син Шон Броснан се оженил со Хрватката Сања Баниќ, чии родители се по потекло од задарската област, а Сања е родена во Њу Џерси. Пред да стане продуцентка, работела како манекенка, а потоа и како актерка. Денес се занимава со продукција, но и со фитнес и со танцување. Шон и Сања имаат и ќерка Марли Меј.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини