ПИЛЕШКОТО ПОЛНО СО ХОРМОНИ И ДЕЗИНФЕКЦИСКИ СРЕДСТВА Размислете добро за вашето мени

Кокошките произведени на фармите за преработка на месо се богати со хормони, а кланиците даваат свој придонес со третирање на труповите на пилињата со средства за дезинфекција.

2,066

Пилешките гради се едни од клучните состојки на здравата исхрана, се сметаат за добар извор на протеини, а популарни се и поради нивната пристапна цена и лесната подготовка. Но, кога станува збор за индустриско пилешко, тоа е еден од највалканите видови месо.

Доколку се грижите за вашето здравје, неопходно е да се земат предвид ризиците кои ги носи честото консумирање на индустриско пилешко месо. За да се намалат трошоците за пилешкото филе, производителите мора да ги намалат трошоците за хранење на кокошките, а во исто време да го забрзаат нивниот раст, па како резултат на тоа се користи евтина храна и агресивни препарати за брзо дебелеење.






Просечниот животен циклус на кокошките на фармите за преработка на месо е од пет до седум недели, по што се убиваат и се испраќаат на преработка, од друга страна, домашните кокошки фармерите ги одгледуваат и до една година пред колењето. Хемиската изложеност започнува уште пред појавата на пилето, а се користат различни дезинфекциски средства на кои се изложува јајцето, кое се транспортира во работилницата за одгледување каде што е изложено на моќни инјекции и антибиотици.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

 

Фото: Unsplash

Поврзани содржини