ПЕТРОВСКА НА СРЕДБА СО НАШИ ОФИЦЕРИ КОИ СЕ ШКОЛУВААТ ВО СОФИЈА Ќе продолжиме да инвестираме во човечкиот потенцијал на армијата

Ќе продолжиме да инвестираме во индивидуалниот капацитет на сите армиски припадници и дома и во сојузничките земји зашто тоа е најдобриот начин за воспоставување на блиски меѓусебни контакти на индивидуално ниво како офицери на сојузнички Армии, рекла министерката Петровска, соопштија од МО.

112

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Софија разговарала со двајца високи офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во моментот се дел од Школата за национална одбрана и Командно-штабната академија на софиската Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“.

– Ние остануваме силно посветени на развојот на човечкиот потенцијал во одбраната и во Армијата зашто вие сте нашиот најголем ресурс. Ќе продолжиме да инвестираме во индивидуалниот капацитет на сите армиски припадници и дома и во сојузничките земји зашто тоа е најдобриот начин за воспоставување на блиски меѓусебни контакти на индивидуално ниво како офицери на сојузнички Армии – рекла министерката Петровска, соопштија од МО.






Полковникот Сибиновиќ и потполковникот Стоименовски се заблагодариле за средбата и можноста да поразговараат со министерката за една од темите која е најважна во одбранбениот сектор – континуираното воено образование и усовршување.

Поврзани содржини