ПЕТМИНА УБИЕНИ ВО АНГЛИЈА Напаѓачот е застрелан

Весникот „Плимаут Хералд“ информира дека над градот биле забележани повеќе хеликоптери за брза помош, а многу амбулантни возила и уште повеќе полицајци на улиците. Неколку улици низ градот беа затворени за сообраќај.

473

Пет лица се убиени синоќа во напад во англискиот град Плимут, а според досегашните информации, нападот го извршило едно лице.

Скај њуз, повикувајќи се на полициски извори, објави дека пет лица се убиени, три жени и двајца мажи, а на местото на инцидентот е пронајдено и мртвото тело на напаѓачот.






Пратеникот од Плимут, Џони Мерсер, на својот профил на Твитер објави дека ова не е терористички напад, но додаде дека станува збор за „сериозен и трагичен“ инцидент и од граѓаните побара да ги слушаат упатствата на полицијата.

Би-би-си јавува дека полицијата побарала од граѓаните да останат во своите домови.

Весникот „Плимаут Хералд“ информира дека над градот биле забележани повеќе хеликоптери за брза помош, а многу амбулантни возила и уште повеќе полицајци на улиците. Неколку улици низ градот беа затворени за сообраќај.

– Полицијата е повикана во врска со сериозен инцидент со пукање во Бидик Драјв, во областа Кехам, во Плимут, околу 18 часот и 10 минути – соопшти полицијата, пренесе „Индипендент“.

„Пристигнаа полициски службеници и амбулантни возила. Неколкумина загинаа на местото на настанот, а неколкумина се повредени. Прогласен е критичен инцидент. Областа е затворена и полицијата верува дека ситуацијата е под контрола“.

Според извештаите на британските медиуми, пет или шест лица загинале, а полицијата го убила напаѓачот.

Поврзани содржини