Петличковски: Се рамислува со една доза да се имунизираат оние кои прележале ковид

Според него, нашето население сѐ уште нема доволно имунитет за да сме блиску до нормализирање на ситуацијата.

758

Трендот и интензитетот за вакцинација е се подобар. Исто така сме во очекување на нови пратки вакцини и поради тоа евентуално се јавуваат калкулации со опфатеноста. Интересот кај граѓаните е виден и пресметан од нивните пријави на сајтот „vakcinacija.mk“, вели д-р Александар Петличковски во интервју за „ТВ Канал 5“.

Според него, нашето население сѐ уште нема доволно имунитет за да сме блиску до нормализирање на ситуацијата.






– Генерално ги следиме препораките на СЗО, а таму нема вакво нешто за прележаните со ковид-19 да примат една доза на вакцина. Голем дел од многу развиени земји, но и нашата, потврдуваат дека една доза на вакцина кај оние што прележале, постигнуваат имунитет, кој што е посолиден од две дози на вакцина кај луѓе што не се заразиле. Со тоа, ќе заштедиме вакцини, но и нема да ги изложуваме на некаков ризик, тие што веќе имаат солиден имунитет – додаде Петличковски.

Поврзани содржини