Доцна синоќа на улицата Трифун Хаџи Јанев во Скопје избувнал пожар во возило по што се проширил и на соседните возила.
– Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило „киа делта“, сопственост на И. Б. (49); патничко моторно возило „ауди А4“, сопственост на правно лице; патничко моторно возило „форд фиеста“, сопственост на Д. В., и патничко моторно возило „пежо партнер“, сопственост на правно лице“, соопшти МВР.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната екипа. Извршен е увид на местото на настанот.
Од МВР соопштија дека половина час пред полноќ било пријавен пожар на возило „ауди“ во сопственост на правно лице, кое било паркирано на улица „Виа Игнација“ во Скопје. Откако возилото било изгаснато, извршен е увид на местото на настанот.