ПЕШАК ЗАГИНА ВО СТРАШЕН СУДАР Трагична несреќа на патот Куманово-Крива Паланка

Возачот В.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му се укажува медицинска помош.

350

Вчера околу 17.00 часот, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина пешакот Б.Д. (64) од село Облавце. Според информациите од СВР Куманово, патничкото возило „фолксваген пасат“ со српски национални ознаки, управувано од В.Б. (46) од Република Србија, удрило во пешакот, кој починал на местото на настанот.

Возачот В.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му се укажува медицинска помош.






Од полицијата потврдуваат дека веднаш по несреќата бил извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, која продолжува со истражување на околностите на настанот.

Поврзани содржини