ПЕРО „КАМИКАЗА“ ХОСПИТАЛИЗИРАН НА УРГЕНТЕН ЦЕНТАР По незгода со велосипед добил потрес на мозокот

Музичарот упати апел до сите што ги користат патеките покрај Вардар, тоа да го прават одговорно и внимателно.

3,083

Фронтменот на рок-групата „Меморија“, Петар Георгиевски познат како Перо „Камиказа“ (65), објави дека пред неколку дена доживеал незгода додека возел велосипед на кејот на Вардар. По судир со трчач, музичарот завршил во Ургентниот центар со потрес на мозокот, со четири конци на главата и повеќе нагмеченици.

По укажаната прва помош на местото на несреќата, бил пренесен во Ургентниот центар, каде што му биле направени компјутерска томографија и повеќе прегледи.






Тој вели дека трчачот веднаш признал дека ја предизвикал незгодата и останал со него додека било потребно.

„Дечкото што ми излета беше видно вознемирен и постојано се извинуваше. Се гледаше дека е редовен трчач, многу културен и исплашен. Цело време беше со мене, сè додека не дојде ќерка ми. Ми го остави бројот од телефонот и си замина“, раскажува тој.

Музичарот упати апел до сите што ги користат патеките покрај Вардар, тоа да го прават одговорно и внимателно, трчачите да ја користат својата лента и секогаш да внимаваат ако нагло го менуваат правецот. Исто така тој ги повика сопствениците на кучиња, да не ги пуштаат своите миленици слободно да трчаат по велосипедската патека.

Поврзани содржини