ХРАНАТА ОТПАДНАЛА КАКО ПРИЧИНА ЗА ТРУЕЊЕТО ВО ГОСТИВАР Обвинителството засега не ги кажува јавно резултатите од анализите на водата

На барање на новинарите да се каже која е причината за ситуацијата во Гостивар, министерот Сашо Клековски рече дека кога Јавното обвинителство ќе даде согласност да се објават резултатите, тие ќе бидат објавени. 

208

Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и тоа ќе реши дали и кога тие ќе ѝ се соопштат на јавноста.

– Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно – да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација – рече директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференција во Владата.






На барање на новинарите да се каже која е причината за ситуацијата во Гостивар, министерот Сашо Клековски рече дека кога Јавното обвинителство ќе даде согласност да се објават резултатите, тие ќе бидат објавени.

– Испитувањата се направени на барање на Обвинителството и кога тоа ќе даде согласност јавно да се каже, ќе ги соопштиме резултатите. Не сакаме да се мешаме во истрагата – рече Клековски додавајќи дека храната како причина отпаѓа.

Владината портпаролка Марија Митева рече дека надлежните институции постапиле навремено и дека е важно и брзото и ефикасно постапување на Обвинителството за да се утврди одговорност.

– Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експедитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби. Можев да видам дека надлежните институции постапувале всо согласност со она што е нивна надлежност, дури и во рекордно време да завршат обврски кои во голема мера се надлежност на локалната самоуправа. И за водоснабдувањето на жителите во општина Гостивар во случај на епидемија или во случај на прогласена состојба од страна на АХВ за забрана за водата за пиење, надлежна е Општината да обезбеди непречено снабдување со вода – рече Митева на заедничката прес-конференција со министерот за здравство и директорите на Институтот за јавно здравје и на Службата за општи и заеднички работи при Владата.

Досега се евидентирани 3.100 здравствени контакти во Гостивар.

Поврзани содржини