🎥 УАПСЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА ГОСТИВАРСКИОТ ВОДОВОД, АРТАНА АСАНИ Со лисици изнесена од претпријатието „Комуналец“

Уапсени се и двајца соработници на Асани, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши.

1,482

Уапсена е директорката на Јавното претријатие „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, по загадувањето на водата од градскиот водовод, поради што во градот е прогласена епидемија.

Полицајци денеска ја изнесоа со лисици на рацете од просториите на претпријатието.






Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши.

Се очекува сите наскоро да бидат однесени на распит пред Обвинителството.

Претходно градоначалникот ја суспендираше директорката Асани. На прес-конференција утрово рече дека тој лично не чувствувал одговорност.

Асани, откако стотици гостиварци добија стомачни тегоби и други симптоми, тврдеше дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негираше информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот.

Фото: Принтскрин

Надлежните при вонреден надзор по добиени поплаки од граѓаните, утврија дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, без одобрение е поставена пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во водоснабдителниот систем на Гостивар.

Алсат објави видео од апсењето на Асани.

Поврзани содржини