🎥 КРАЛЕВИ, ПРИНЦЕЗИ И ФУДБАЛЕРИ Леонор и Софија ја прославија победата на шпанската фудбалска репрезентација со своите родители и со целиот тим
Шпанските принцези го следеа натпреварот со Аргентина заедно со фудбалската легенда Икер Касиљас, поттикнувајќи спомени на еден историски момент од 2010 година, кога Касиљас како капитен и голман на тогашната репрезентација, им го покажал трофејот на тогаш малечките, Леонор и Софија.
Шпанското кралско семејство, кралот Фелипе VI, кралицата Летиција и принцезите Леонор и Инфанта Софија, кои пристигнаа на финалето на Светското првенство 2026 за да ја бодрат репрезентацијата против Аргентина, ги поздравија навивачите и разговараа со медиумите пред да седнат на своите места, а по победата прославија заедно со фудбалерите.
Додека кралот и кралицата го гледаа натпреварот од ултра-безбедната кралска ложа, принцезата Леонор и Инфанта Софија споделија посебна ложа со фудбалската легенда Икер Касиљас, поттикнувајќи спомени на еден историски момент од 2010 година, кога Касиљас како капитен и голман на тогашната репрезентација, им го покажал трофејот од тогашната победа, на тогаш малечките, Леонор и Софија.
Имено, принцезата Леонор и инфантата Софија, пред 16 години биле премногу мали за да присуствуваат на финалето на Мундијалот 2010 во Јужна Африка. Тие тогаш ја пречекале репрезентацијата по нејзиното враќање во Шпанија, на прием во Кралската палата во Мадрид.