Пентагон блокиран, престрелка во близина на метро станица ВИДЕО
Најмалку едно лице е застрелано. Возовите од метрото добија наредба да го заобиколат Пентагон поради полициска истрага.
Зградата на Пентагон во Вашингтон е блокирана, и на ниту еден од вработените не им е дозволено да заминат, откако се случи престрелка во близина на една метро станица, објави Агенцијата за воена заштита на Пентагон на Твитер.
Пукањето се случило пред зградата, на градска метро станица, која е главниот влез за илјадници вработени во Пентагон, јавија американските медиуми.
Најмалку едно лице е застрелано. Возовите од метрото добија наредба да го заобиколат Пентагон поради полициска истрага.