Пенс избегна да го каже слоганот „Црните животи се важни“

Сакам да истакнам дека она што му се случи на Џорџ Флојд е трагедија. И оваа нација, посебно на празникот Џунтин, го слави фактот дека од нејзиното основање се цени идеалот дека сите - рече Пенс

231

Американскиот потпретседатател Мајк Пенс во интервју за телевизијата Ај-би-си избегна да ги каже зборовите „Црните животи се важни“ и наместо тоа рече „сите животи се важни“.

– Сакам да истакнам дека она што му се случи на Џорџ Флојд е трагедија. И оваа нација, посебно на празникот Џунтин, го слави фактот дека од нејзиното основање се цени идеалот дека сите, секој еден од нас, се создадени еднакови, и прифатени од нашиот креатор со одредени неотуѓиви права. Така, во навистина реална смисла, сите животи се важни – изјави Пенс во интервјуто.






Откако водителот на програмата, Афроамериканец, даде забелешка дека тој сепак не ги изговара зборовите „Црните животи се важни“ и дека постои важна разлика, „кога тоа се кажува се дава до знаење дека црните животи имаат важност, во време кога многумина во општеството не се сложуваат со тоа“.

И покрај коментарот, потпретседателот повторно избегна да го каже слоганот, истакнувајќи дека „не се сложувам со фактот дека дел од американското општество се спротивставува на бесценетоста и важноста на човечкиот живот“.

А потоа се префрли на тема за наводните економски придобивки и подобрениот животен стандард на Афроамериканската заедница во САД под претседателот на Доналд Трамп.

Поврзани содржини