ПЕНДАРОВСКИ ВО ДЕЛЧЕВО, ГОРДАНА ВО КУМАНОВО, ВАНКОВСКА ВО НЕГОТИНО Шести ден од кампањата за претседателските избори
Претседателските кандидати продолжуваат да ги промовираат платформите пред граѓаните.
Шести ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.
Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски, кој ќе ја бара поддршката од граѓаните за втор мандат, ќе одржи средба во 17:30 со граѓаните на Пехчево. Потоа од 18:30 Пендаровски ќе има митинг во Берово, а од 20:00 е закажан митинг во Делчево.
Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Теарце, Брвеница, Ѓорче Петров, Куманово. (16:00/17:30/18:30/20:30)
Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи ќе одржи отворена дискусија на тема: Граѓански устав vs. Oхридски устав. (Стара Скопска Чаршија, локал “n’Lule t’Çarshisë”, заден влез/ паркинг на хотел Буши/11:00, прес-конференција на кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи по дискусијата/11:30)
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата „Манифест за Македонија“. (Јегуновце/16:00, изјава/16:25, Теарце/17:00, Брвеница пред Штабот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија/18:30, Дом на АРМ, Музеј-АРМ Тетово/19:30)
Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања и заедно со носителот на пратеничка листа во ИЕ2 Амар Мециновиќ во 11 часот ќе ја презентираат програмата во Автокоманда, Општина Гази Баба. Во 18 часот Ванковска и носителот на листа во ИЕ 4. Сашко Јанчев ќе имаат средби со граѓани каде ќе ја презентираат својата програма (18:00).