Пендаровски: Бугарија го одби предлогот германски експерти да влезат во Историската комисија

Претседателот рече дека ништо не треба да се менува во учебниците и на спомениците се додека двете земји не договорат што треба да се менува.

1,863

Претседателот Стево Пендаровски денеска обелодени дека било предложено во зедничката историска комисијата на земјава и Бугарија, како експерти да бидат вклучени германски стручњаци кои би помогнале како трета страна, но  тоа било одбиено од страна на Бугарија.

– Јас тврдам дека овој формат во кој само бугарски и само македонски историчари седат нема да продуцираат добри резултати. Се додека не се приклучи барем трета страна која ќе има статус на консултант, нема да има напредок. Ние имаме и дадено предлог за да се вклучат двајца експерти од Германија, но тоа беше офрлено од Бугарија и рече Пендаровски во интервју на телевизија Канал 5.






Според него, ништо не треба да се менува во учебниците и на спомениците се додека двете земји не договорат што треба да се менува.

– Прво ние можеме нешто да вметнеме во нашите читанки откако историските комисии ќе постигнат договор. Пред тоа да се парафира од двете страни, ние не можеме тоа да го правиме и да менуваме плочи – рече тој.

Во однос на имплементацијата на Договорот за добрососедство рече дека земјава ќе продолжи  да го имплементира.

– Да нема илузии во јавноста. Нема друг начин да влезе во ЕУ ако не го реализираме Договорот со Бугарија и тоа е нашата намера да го правиме. Да продолжиме во сите делови – рече Пендаровски.

Поврзани содржини