📽️ ПЕКОЛ ВО ФАБРИКА ЗА ЕКСПЛОЗИВИ Огромен пожар и исчезнати работници по експлозија во Тенеси

Силна детонација ја разнесе фабриката „Accurate Energetic Systems“ во Тенеси, а потресот се почувствува километри околу. Спасувачките екипи се на терен и трагаат по најмалку 19 исчезнати лица.

413

Силна експлозија ја потресе фабриката за воени експлозиви „Accurate Energetic Systems“ во американската сојузна држава Тенеси, предизвикувајќи паника и голема штета во околината.

Според првичните информации, детонацијата се случила во близина на градот Бакнорт, околу 97 километри југозападно од Нешвил, главниот град на државата.






Очевидци изјавија дека експлозијата била толку силна што предизвикала потрес што се почувствувал на километри и дека облак од чад се издигал високо над фабриката.

– Беше како земјотрес, прозорците се затресоа, а небото се осветли во моментот на детонацијата – раскажа еден од жителите за локалните медиуми.

 

Властите веднаш ги активирале службите за итни интервенции, кои преку социјалните мрежи апелирале до граѓаните да го избегнуваат подрачјето за да им се овозможи непречено работење на спасувачките екипи.

Медицинскиот техничар на округот Хикман, Дејвид Стјуарт, изјави дека засега нема потврдени информации за повредени, бидејќи екипите сè уште не можеле безбедно да пристапат до местото на несреќата.

– Работиме внимателно, бидејќи постои ризик од дополнителни експлозии. Ситуацијата е крајно опасна – изјави Стјуарт.

 

Неофицијално, најмалку 19 лица се водат како исчезнати, а се стравува дека има и загинати, јавуваат американските медиуми.

Властите моментално вршат проценка на ситуацијата и преземаат мерки за спречување на нови детонации, додека траат напорите за лоцирање на исчезнатите и извлекување на евентуално повредени лица.

Поврзани содржини