ПЕЈЏЕРИТЕ БИЛЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ОД ФИРМА СО СЕДИШТЕ ВО БУДИМПЕШТА Досега 12 загинати и 200 лица во критична состојба по масовните ескплозии

Пејџерите ги произвела BAC Consulting KFT, со седиште во главниот град на Унгарија, соопшти денеска Голд Аполо, која истакна дека за производството исклучиво е одговорна BAC.

682

Пејџерите што биле користени во вчерашните напади во Либан ги произвела компанија со седиште во Будимпешта, која имала овластување да ја користи трговската марка на тајванската компанија Голд Аполо.

Пејџерите ги произвела BAC Consulting KFT, со седиште во главниот град на Унгарија, соопшти денеска Голд Аполо, која истакна дека за производството исклучиво е одговорна BAC.






Експертите сметаат дека експлозивниот материјал бил ставен во пејџерите пред нивната испорака и употреба. Претседателот на Голд Аполо, Хсу Чинг-куанг, изјави дека компанијата имала договор за овластување со BAC во последните три години.

Најмалку 12 лица загинаа, а 2.800 беа повредени кога пејџерите, што ги користеле припадници на Хезболах, експлодираа истовремено во Либан.

Хезболах денеска објави дека бројот на загинати од пејџер експлозија во јужен Либан се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, пишува „Тајмс оф Израел“.

Од октомври минатата година, израелските сили убиле 453 членови на Хезболах во вооружени судири, соопшти Хезболах.

Либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција рече дека во експлозиите загинале девет лица, а 2.750 луѓе се повредени, од кои околу 200 се во критична состојба.

Поврзани содржини