ПЧИЊА СЕ ИЗЛЕА КАЈ МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР ПЕЛИНЦЕ Коритото е натрупано со дрвја и гранки

Водостојот на реката Пчиња е трипати повисок од просечниот за ноември, но засега нема поплавени куќи и викендици.

278

Реката Пчиња се излеа од своето речно корито на подрачјето на кумановското село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац

Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици, информира Центарот за управувањее со кризи.






Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.

Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека водостојот на река Пчиња кај Пелинце, утрово е 120 сантиметри, вчера бил 18 што е значително повисоко со тенденција за пораст и три пати поввисоко од просекот за ноември кој изнесува 41 сантиметри.

„За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности“ информира Републичкиот Центар за управување со кризи.

Поврзани содржини