ПАТНИЧКО ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ВО ПРОВАЛИЈА НА ГАЛИЧИЦА Две лица загинаа во несреќата

Според информациите од екипите што се на терен на местото на настанот, починатите лица се на постара возраст, во тек е акцијата за извлекување на настраданите и на возилото од провалијата длабока околу 100 до 200 метри.

1,014

Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица. Од Центарот за управување со кризи вечерва информираат дека возилото е лоцирано на место викано „Превој“ на Галичица.

– Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк Галичица – информираа од ЦУК.






Според информациите од екипите што се на терен на местото на настанот, починатите лица се на постара возраст.

Екипа на СВР Охрид и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжуваат со извлекување на настраданите и на возилото од провалијата.

Поврзани содржини