ПАРНОТО ПОСКАПУВА ЗА РЕЧИСИ 6% За стан од 60 квадрати сметката ќе биде повисока за 140 денари

И со новите повисоки цени според директорот на РКЕ Ацо Ристов и натаму Скопје е со најниска цена на парното во регионот.

14

Од 1 август поскапува парното во Скопје, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За граѓаните кои се греат на парното со кое управува ЕСМ Снабдување цената се зголемува за 5,96%, за корисниците на ЕСМ Еенергетика или т.н железарско парно поскапувањето е 5,18%, а за корисниците на Енерго Еколог поранешно Скопје Север, цената се зголемува за 3,65%.






Според пресметките на РКЕ за просечен стан од 60 квадратни метри зголемувањето ќе биде 140 денари.

И со новите повисоки цени според директорот на РКЕ Ацо Ристов и натаму Скопје е со најниска цена на парното во регионот.

-Она што е клучно во периодот што следува и кое што ние го подржуваме е спојување на сите компании на ЕСМ за топлинска енергија, а со цел оптимизирање на ресурсите и зголемување на ефикасноста, што би значело поволна цена за потрошувачите. Она што сакам да го споделам со јавноста се резултатите од направените анализи кои укажуваат дека на годишно ниво жителите на Скопје кои се греат на топлинска енергија имаат најнизок годишен надоместок, за разлика од жителите на Белград, Љубљана, Софија и Сараево -рече Ристов.

За една грејна сезона има ново приклучени  1.521 потрошувачи, а вкупно 67.494 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Поврзани содржини