ИЗБОДЕНИ ТРИ ЖЕНИ, МЕЃУ ЖРТВИТЕ И БРЕМЕНА ЖЕНА! Крвав напад среде бел ден во Париз

Според првичните информации, минувачи успеале да го совладаат мажот и да го задржат до доаѓањето на полициските екипи.

0

Три женски лица, меѓу кои и една бремена жена, биле избодени со нож на улица во Париз, денеска околу 11:30 часот по локално време.

„Итните служби им укажаа помош и ги превезоа во болница“, соопшти полицијата. Една од жртвите се наоѓа во критична состојба.






Осомничениот, 31-годишен маж за кој се претпоставува дека има психички проблеми, е уапсен на лице место по интервенција на полицијата. Во моментот на нападот тој кај себе имал два ножа, јавува „Дејли мејл“.

Според првичните информации, минувачи успеале да го совладаат мажот и да го задржат до доаѓањето на полициските екипи.

На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа маж со долга коса и брада, облечен во тренерки, кој со ножеви во рацете прво оди, а потоа трча, пред да ги нападне жените кои се наоѓале на местото на настанот.

Идентитетот на напаѓачот засега не е објавен.

Поврзани содржини