Паркирал „Пежо“ покрај контејнер, утрово комуналните работници објавија неверојатна фотографија (ФОТО)

Не е дозволено паркирање на возила пред контејнери - наведоа од КЈКП „Рад“ на нивната „Фејсбук“ страница, со фотографија од возилото.

5,602

Утрово, комуналните работници во Сараево пронајдоа необична сцена во областа Добриња. Имено, еден несовесен возач решил да го паркира своето „Пежо“ на неовластено место, покрај контејнерите.

За соптвеникот на возилото тоа не беше многу паметна идеја, бидејќи огорчените станари му го покрија автомобилот со ѓубре.






– Не е дозволено паркирање на возила пред контејнери – наведоа од КЈКП „Рад“ на нивната „Фејсбук“ страница, со фотографија од возилото.

Додека некои граѓани ги пофалија оние што му „оддржаа лекција“ на несовесниот возач, други тврдат дека овој автомобил и припаѓа на жена која собира картон и заработува за живот од тоа и дека е срамота што и направија од автомобилот. Останува да се види што е вистинито.

Поврзани содржини