Парите за „зелена нафта“ ќе легнат на картичките на земјоделците во јули

Први ќе ги добијат земјоделци кои лани добиле платежни картички, а оние кои годинава за првпат ќе бидат опфатени во програмата, ќе треба решенијата и картичките да ги подигнат во подрачните единици на ресорното министерство.

547

Од почетокот на јули ќе почне исплаќањето на средствата за „зелената нафта“, најави денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски на работната средба со претставниците на здружението „Бело злато“ и со земјоделци од кочанскиот регион.

Први парите ќе ги добијат земјоделци кои лани добиле платежни картички, а оние кои годинава за првпат ќе бидат опфатени во програмата, ќе треба решенијата и картичките да ги подигнат во подрачните единици на ресорното министерство.






На разговоорите со оризарите се збопрувало за периодот по завршувањето на сеидбата на оризот, откупните цени и пласманот на арпата, како и за активностите околу спречувањето на палењето на сламата и стрништата по завршувањето на жетвата.

– Се бара посоодветно решение како сламата да се транспортира до местото каде што ќе се претвора во компост. Во меѓувреме, исплатата на дополнителната субвенција од пет денари за предаден килограм арпа е приведена кон крај, а ќе се продолжи со другата финансиска поддршка што е предвидена со планот – изјави Димковски.

Во однос на изградбата на браната Речани на Оризарска Река, тој информираше дека во почетокот на јули ќе почне ископот на т.н. опточен тунел, со што практично ќе стартуваат градежните работи на терен.

Поврзани содржини