Пановски: Пикот на заразата помина пред две недели, министерот е претпазлив

Уште 15 дена бројот на починати веројатно ќе остане ист, а може и ќе расте, рече Пановски.

1,936

Пикот на ковид-19 е поминат и бил пред десетина дена кога имаше 107 новодијагностицирани, смета  професорот Никола Пановски.

– Пикот веројатно беше кога беа тие 107 пред десет дена, ако веќе мора да има пик. Така да покрај овие бројки, јавноста треба да знае дека има бројки и процент на позитивни тестови. Едно време одеше преку 10 отсто, а сега со денови веќе, без разлика дали имало 40, 20, 13 итн. е под седум  отсто. Од тие што се испитувани процентот е се понизок што охрабрува – изајви Пановски  во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.






Тој , како што рече, не очекува да има поголем број на инфицирани.

– Не значи дека 1.600 би бил пик, ако сега имаме по 20 или 30 дневно, а може и помалку. Мислам дека почнува кривата да се спушта, дека е пројден тој пик, речиси сум сигурен. Нормално дека министерот е порезервиран, бидејќи тој кажува поодговорно и може да го нападнат дека згрешил. Мислам дека тој и епидемиолозите се 95 проценти свесни дека пикот прошол, односно дека нема да има нагорна линија на заболени, туку дека ќе има ист број и со време и помалку докажани болни. Уште 15 дена бројот на починати веројатно ќе остане ист, а може и ќе расте – рече Пановски.

Поврзани содржини